Како најголем уметник на ѕидот на вечноста ги насликав сликите на судбината, на светото место си подигнав сопствен олтар, мое светилиште.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Суптилни креации кои ги поттикнуваат луѓето да проникнат во своите лични и најдлабоки емоции на себеспознавање и будење без страв да ја покажат љубовта, почитта што ја чувствуваат за себе и за светот околу себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сетете се на искрите, моментите, сликите, спомените што ве обземаа со радост, сетете се на некои топли очи полни надеж, на некои меки усни полни разбирање, сетете се на едни прегратки кои ве чуваа цврсто до себе, на едно срце кое ве сака до небо и чека да се вратите за да ви ја покаже љубовта, таа бескрајна вселена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зошто да го комплицираме животот, ако ти недостасува некој јави му се, кажи му дека денот со него ти е поубав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)