Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Кога се покажаа ѕвездите и ветер кога подуна Како исчезнуваше гласот на младичот - Така две обетки некаде потреперуваа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)