Се сеќавам јас на таа птица  не поради тоа  што на нејзиниот воден пат  со недели лебдејќи во небесата  не го допре со крилја морето –  туку поради откликот на стеблото:  кога се покажа птицата  стеблото почна да се искачува кон неа,  ги рашири крошните,  ги отвори како древна книга  спред која  ниедна трага не исчезнува  и залудно не е ничие исчезнување.
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)