Но, сепак, го остави Камилски со замислата и со верувањето дека власта ќе покаже интерес да објави ваков речник.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ниту раетините ниту, пак стопаните не покажаа интерес за постапката на Турците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но таа не покажа интерес да ги завладее ниту Чауле ниту пак околните редови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога влезе во собата таа се обиде да се правда за причините на доцнењето, пцуејќи го начинот на работа во салонот за депилација („Крв ми оставија под ципиве”, велеше Азра), но Андон не покажа интерес за тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Затоа политичката креација заслужува највисок респект и е единствена креација за која треба да се покаже интерес.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Да не е обратно, да не си ти тој што покажува интерес за мене?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мене никогаш не ми се случило некој кој има петнаесет години да ми обрнува толкаво внимание, да разговара со мене на рамна нога и да покажува интерес за дружење.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На Конгресот сите делегати се изјасниле за единство во борбата против нацифашизмот, подржувајќи ги воените напори на САД за што поскоро завршување на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На Конгресот присуствувале и претставници од Стејт департментот и на Одделот за воени информации, што само по себе го покажува интересот на администрацијата на САД за проблемот на обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)