покаже (гл.) - некаков (зам.)

Девојчето одеше и венеше без да покаже некаква видна болест.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко му, мал железарски трговец во турскиот дел на Скопје, беше спечалил во последно време малце пари на шајките што успеа да ги прибави од Софија преку Коча - па неговиот син, што првпат тука покажа некаква практична смисла, можеше да ужива заслужена издршка за повеќе месеци.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не чувстувам никаков живот во нив, немам никаква желба да ги разбудам а сепак ги држам и ги префаќам како да чекам да покажат некаков знак на живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Рѓата си беше рѓа но, гледај, се покажаа некакви букви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, за Револуционерната организација П.Шатев не покажал некаков поголем интерес.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Новоздобиените со моќ можеби ќе покажат некаква склоност да избувнат и да имаат незгодна нарав – директорите може да си ги малтретираат подредените, богатите домаќинки можеби ќе си ги мачат прислужничките – но театралностите, главно, треба да се неспојливи со достоинственоста на контролата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие што имаат некој авторитет не мора да викаат и да врескаат за да го добијат она што го сакаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно ќе си ја соопштат желбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Толку ја уплаши тој ѕверски сурат, што не можеше ни да се издиши, а камоли да викне, уште помалку да покаже некаков отпор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега одеднаш нема граници за неговата хиперсензибилност, кога треба да се наслушне и најсуптилниот трепет на националната душа, сега тој е решителен и храбар кога стотици илјади луѓе треба да се подигнат од нивните огништа и подалекувид е од сите кога на тој народ треба да му се покаже некаков пат, исто онака како што е како вистински стоик мирен и сталожен кога истиот тој народ го здогледува струполен во провалија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Остана само еден кој ни покажа некаков документ, божем работел за нас и бил доктор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нашите ги прашаа дали ќе сакаат да го изградат она што е урнато од нив, а тие само кренаа рака велејќи „Хај Хитлер“. Потоа нашите ги убија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)