Таму, поздравувајќи се со него, уште еднаш му рекоа да не брза, да не направи нешто што може да ѝ напакости на чупата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Добра ноќ, изговараат по него главите на сојовите кои живеат и работат кај него, на неговиот имот, и поздравувајќи се меѓу себе и со Васила Митрески, тој останува пред Северна порта за да ја затвори, си одат дома си, капнат а и од умор и јадосани.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Многумина се познаа како комшии, што си одеа и идеа на гости.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се провикна Толе и се замеша во купот, поздравувајќи се и со најмладите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Прво децата, - рече дедо Димо, поздравувајќи се со шумарот. - И веднаш враќај се! Разбра?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Возилото помина над нив, тие му промавтаа со рацете, поздравувајќи се со шумарот кој ги поздрави со сирената.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По нивното заминување дворчето се прошири, се направи место и за Мурџо кој слободно се појави од зад куќи вртејќи со опашката и поздравувајќи се со Деспина и Роса со душкање за на крајот да се примири крај Пела дозволувајќи ѝ што сака да прави со него.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Низ нејзините дебели стакла, точките од очи гледаа нагоре, а јазикот ѝ ја оближуваше месестата уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)