поздрави (гл.) - се (зам.)

Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ајде, поздрави се! Бојан се ракува со сите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Е бе Марк, Марк. (Пауза) Ајде поздравете се, ракувајте се. (Им ги зема рацете. Им ги става една во друга. Русинот и Американецот се ракуваат.) Така. Секогаш така да правите. А не војни.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Чека што ќе стане. - Владо, ела поздрави се, душо, со тетка ти.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)