пожали (гл.) - дека (сврз.)

Тој постапил според наследената ука, а јас, се сеќаваш ли, кога ти еднаш се пожали дека ти е многу лошо, и кога јас требаше итно нешто да сторам, првото што го сторив беше: извадив векна леб и ти ја подадов! Зошто? Зошто векна леб?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Трајко тогаш првпат ми се пожали дека не му е добро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш ми се пожали дека не е добра.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јован 2004 година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега јас не бев со неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ми се пожали дека зборовите на надежта веќе ги поарчила А демоните што ги праќала под зажарениот вршник, кога ќе се нахранеле од огнот се враќале многу позлочести.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Именуваната Цвета Басотова всушност сметаше дека мојата интервенција е единствениот начин да си го поврати овој домашен раритет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Изјавата на другарката Басотова не го објаснува она најбитното: дека токму таа мене личо ми се пожали дека и е одземена спомнатата скапоценост и ме замоли да и помогнам да си ја поврати таа скапоценост бидејќи само јас можев да посведочам дека во далечното лето на 43-та ја имав гледано кај неа и тоа повеќепати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се пожали дека главата страшно ја боли.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неколку американски претседатели се пожалиле дека Белата куќа никогаш не станала дом: нејзината грандиозност никогаш не може да се одоми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Докторот пак дојде да го види. Богдан му се пожали дека лошо спие, дека го измачуваат лоши сништа и му побара нешто за смирување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Приказната почнува во еден убав мајски ден, кога постарата, малку необична, мистериозна Г-ѓа Морисон во еден парк ќе го запознае младиот Г-н Стјуарт кој ќе ѝ се довери и пожали дека неговата љубена наместо да се омажи за него, сака да прави кариера на оперска певица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа беше првата што разбра за што се работи. Зашто, кога тој ѝ се пожали дека во последно време не сонува, Влаинката брзо го праша дали е нажален оти нема одговор на нешто?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Невеселото живеење продолжи. Марија не можеше да се пожали дека Хелвиг ѝ ускратува нешто. За неа или за детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Краварката ѝ се пожалила дека нејзиниот господин кој ја венчал пред да почне војната, сега, им се придружил на војските што заминале в туѓина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помеѓу другите дребулии што ги спомнав, мислам дека не заборавив на Катерина да ѝ порачам да наврати во нашата амбуланта по работното време, бидејќи ми се пожали дека е со впечаток оти насекаде по телото ѝ шетаат стоногалки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ѝ реков дека веројатно настинала.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И слушам: - Господин министере Рендис, вчера во мојот штаб дојде еден војник и ми се пожали дека неговиот татко е интерниран затоа што си го зборувал својот словенски јазик.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рацете како да му трепереа кога ќе ги поткренеше. Иако гореше каминот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се пожали дека му е студено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А поминала и преку мостот, на другиот брег.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа наеднаш, како ништо да не случило, ќе се пожали дека ги поминала сите дуќани во центарот од стариот до дрвениот мост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Старешината ја повика Циљка и со остар тон и рече: - Инструкторот ми се пожали дека си му рекла оти пушката прави валкана работа. Така ли си му рекла, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можам да се пожалам дека не беше внимателен кон мене, но како да немаше некоја жар во нашата врска.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Затоа одеа колку што личеше пополека и не можеа да се пожалат дека се измориле.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)