„... И кога клечи е многу голем, и тежи, и пречи тоа купче што зафаќа место, небаре в заб заглавено тесто” Или во песната „Размислувам за...”, каде текот на свеста поентира во дискурзивното индиго на „ангажираноста и деганжираноста”:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)