Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Татко реши да не поднесува приговор за украдените сиџили, - ѝ реков.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Верувам, сине, дека ме разбра... Јас нема да поднесам приговор...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко продолжи: - Сине, јас нема да поднесам приговор до Архивот за украденото авторско право за преведените и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Најпосле, следеше и конкретниот одговор на моето прашање, за чие инсистирање повеќе немав ни аргументи, а ни сили: - И така, сине, како што ти реков, излишно е да се поднесува приговор за повреденото авторско право на моите преведени сиџили...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, Сл.весник на РМ, 136/11. 57 62 барателот во тој случај подносителот треба да поднесе приговор во рок од пет работни дена до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат, (ст. 15) кој е должен да го разгледа приговорот во рок од три работни дена и доколку утврди дека инспекторот постапил спротивно на позитивните законски прописи во тој случај е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот е должен да изврши надзор во Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ. (ст. 16)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Па, така со оваа измена е предвидено дека Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ донесува решение за доделување на средствата од Посебниот фонд во рок од 90 дена. (чл. 1 од ЗИДЗВИЛ/окт.11) По ова кон чл. 16, по ст. 5 се додаваат нови 17 става (6 – 22) кои најпрво нормираат дека доколку Управниот одбор не донесе решение за доделување или одбивање на средствата во тој случај подносителот на барањето може во рок од три работни дена да поднесе приговор до писарницата на претседателот на Управниот одбор на АВРМ, (ст. 6) кој пак е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето да донесе решение односно да одлучи дали ќе го прифати или одбие барањето на подносителот. (ст.9) Доколку директорот не донесе решение во законски предвидениот рок во тој случај барателот има право да поднесе барање до Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена, (ст. 10) кој е должен во рок од десет дена да изврши надзор во Управниот одбор на АВРМ. (ст. 11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: • прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); • второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и • трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во ваквата затегната и прилично напната ситуација којашто настана, практично не беа возможни никакви преговори со новопоставената директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Марковски бараше правна помош во смисла на тоа кои правни дејствија треба да ги преземе против отказното решение и како да го оствари своето парично побарување за исплата на неисплатените плати и придонеси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, тој благовремено поднесе приговор против решението за отказ до УО на фирмата, по кој не беше воопшто постапувано – па не му преостана ништо друго освен да побара судска заштита на своите повредени права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Зефиќ, која беше засегната и обесправена, веднаш поднесе приговор до второстепената Комисија за жалби при Владата на РМ, која не се произнесе во законскиот рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)