подигне (гл.) - поглед (имн.)

И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На еден метар од него, мораше да го подигне погледот: „ Ах, Г-не Димоски!“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го подигнав погледот и ми се причини дека се смее па почнав и јас да се смејам, не знам зошто.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го заклавме овенот, истолчивме два леѓена кромид и го завиткавме во кожа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И колку што подигна нога за да го стапне, се втурнаа мажите, и го спречија. Кој знае, може ќе го убиеше... Ама него за малку што не го убија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И писма почнаа да стигнуваат од Америка. И пакети. И пари.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А у нас жени, - Пандо подигна поглед. Тоа е гласот на Ристана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги подигнаа погледите кон капетанот, а очите им се собраа и потоа се раширија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)