Ја разгледа масата, ги подигна капаците на тенџерињата што беа наредени по неа, по шпоретот и ги изотвори сите чекмеџиња од креденецот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Крупниот план фиксира едно изобличено лице над пареата и лонците од кои се подигнуваат капаците, а барањето на жртвата е проследено со врисоци: „Ќе го убијам! Ќе го изедам!“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)