подели (гл.) - свој (прид.)

Овие уметници на неспокојството не можат да ни помогнат да живееме, но нивната улога е во тоа да ги поделат своите маки со нас.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)