Подготвени се за жртвување, за незамислив отпор.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
БОРИС: Ајде Матеј. Оди подготви се. Си одиш дома. (Матеј оди во собата.) Што му направив? Добар беше. Што му направив?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
— Сега подгответе се, вели генералот и ја гасне цигарата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ЈАКОВ: Не барај за сѐ дозвола. Подготви се Запомни. Сѐ е во главата. Може? НОВЕ: Може.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во салонот најпосле влезе шефот на протоколот и со радосен, љубезен глас ми рече: - Подгответе се Екселенцијо, претседателот Бургиба ќе ве прими за неколку минути!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Честит Шабтај - велеше моќниот глас на некого што се наоѓаше, чиниш, зад самиот прозорец – подготви се!“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)