Сепак, начин како да стапи во контакт со неа едноставно како да не постоеше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се исправи, неочекувано ги фрли рамената нагоре, ги подаде нанапред и ги пушти рацете да му висат пред него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едната од нив го збрчка носот, другата ги рашири ноздрите, а најдоминантната се исправи, главата ја подаде нанапред и почна да го душка воздухот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Јован беше сув и жилав. Му ги гледав рамената подадени нанапред, кафеави наспрема белата маица, повеќе аглести отколку заоблени, мускулите над лактот издолжени со модрите жили.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)