подава (гл.) - свој (прид.)

Тогаш, во детството, очајот го ублажував со верувањето дека тегобноста ќе заврши оној ден кога ќе ја најдам таа друга рака, кога мојата и нечија друга рака, соединети, ќе тргнат заедно низ животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш дури и ја сонував таа рака, и во сонот ја подавав својата рака кон неа, и мојата рака удираше во ѕидот па се будев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бабата ја подава својата карта, наводно не стигнала да ја поништи, „разбијачот” го поткинува, полн со разбирање за тешко подвижноста и габаритот на госпоѓата во години... а таа под рака му ја подава на дедото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во лицето, место сѐ друго, го штипеше една лута осојница, а виделината изгаснуваше во некакво сиво димење меѓу честите скочанети стебла со долги бели бради, од зад кои чиниш постојано си го подаваше своето таинствено морничаво наѕиркање некаква лута, сива магливост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)