погоди (гл.) - вистински (прид.)

Јагулче си молчеше, макар што често велеше дека молчењето понекогаш е азно, а понекогаш лага, но кој да го погоди вистинскиот миг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како мудар остроумен набљудувач, таа ги погоди вистинските зборови на вистинско место.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Меѓутоа не верувам дека го погодува вистинското okno.mk | Margina #17-18 [1995] 91 - мултимедии, телеекрани и развој на електронските стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Следното можно читање ми дојде на ум кога се сетив што рече нашата секретарка кога првпат виде една тераписка средба од зад огледалото: „Глупости, тие ништо друго не прават освен што зборуваат!“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Не,“ рече тој, „Не, мислам дека треба да се погоди вистинскиот момент.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дали оддалеку се чита дека немам кому да му виткам сармички од лозов лист и да му спремам подварок, па девојчињата дообучени од Агенцијата за вработување за тоа „Како да го погодиш вистинскиот муштерија за вистинската книга“, го положиле испитот со висока оцена и мене ме издвоиле од толпата?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Способноста да се погоди вистинската слика е способност за пронаоѓање вистинско гориво.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)