Тогаш пак ги стави рацете на масата, ги погледна братучедите: - Демек, од Брезница сте? - праша. - Од Брезница, - рече Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Таа пребледе, бргу го погледна братучедот, кој веќе стануваше, и си ги закаса усните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)