погледа (гл.) - свој (прид.)

Госпоѓа Камилска не можеше во мигот да разбере за какви нови времиња се работи, прашално го погледа својот сопруг, а тој продолжи: Ние работиме да го спасиме Балканот, иднината на нашите потомци...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потиснат од она што го чу, Мече молчеше и дури не смееше ни да го погледа својот другар што молчаливо веслаше низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А што станува со сегашноста на нашите деца? пресече госпоѓа Камилска, оставајќи го својот сопруг без одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)