погали (гл.) - со (предл.)

Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Добро, не може да се наведне и да ги погали со рака ама затоа со ногата ги гали.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и ѝ викна на Митра: — Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)