11. Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А ако минатото се повторува во иднината, дали некогаш луѓето пак ќе имаат опашки и дали преку викенд среќно ќе врткаат со нив како што денеска им вртат пропелерите на глисерите кинисани кон островот Сан Микеле во Венеција, на пример?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ќе да е вистина дека човек колку повеќе се сеќава, толку е поблизу до смртта.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сал гледам колку се убави девојките кои шетаат на кејот ВЕНЕЦИЈА ВЕНЕЦИЈА: ИСУС ВО ИСКИНАТ КОСТУМ Сетики Исус Христос си беше повторил во себе пред да киниса од Академијата во Фиренца: следбениците, како и соседите, не се избираат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ич петпари не давам за тоа што зборуваш.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
— А викни уште еднаш да слушнит Толе Паша, да откинит? — и пак го клоцна сега по ребра како дедот Јована.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Вистина било“, си повтори во себе кога го слушна Стевана со понос да раскажува што му кажало Катето сношти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Царот на планината“ - си повтори во мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа ќе биде кадар што заслужува да се повторува во мали варијанти, при монтажата на филмот, како драматуршки акценти според согледувањето на сценаристот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И рече дека дури и бројот во потписот криел тајна, оти значел: еден сочинител (деветка една, тројство совршено, оти трипати тројството се повторува во бројот девет) од левата страна, и еден читател од десната страна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ваквата буквалност го сведува овој кинематографски момент на прост одраз на геј-идентитетот, а не средство за геј-идентификација и израз на геј-желбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оваа буквализирачка склоност се повторува во објаснувањата што ја нагласуваат мажественоста на Џоан Крафорд – само види ги тие потполнки! – или што ги третираат неа и Феј Данавеј во Најмила мамичке како дрег-кралици, небаре е доволно само со такви размисли да се објасни зошто таа го фасцинира машкиот геј-свет.296 Сигурно, никому не може да му избегаат бучовските театралности во изведбата на Џоан Крафорд во Џони Гитарата, ниту има такви што ќе одречат дека Најмила мамичке почива врз зловесните задоволства на женското подражавање (макар и да било тоа само подражавањето на Џоан Крафорд од Феј Данавеј).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што, во случајот со бродвејскиот мјузикл, нема да ја оствариш геј-желбата ако на сцената ставиш геј-мажи и прикази на машкиот геј-живот, така и во овој случај тешко дека ќе ја одгатнеш тајната зошто Милдред Пирс и Џоан Крафорд им се привлечни на геј-мажите ако ги толкуваш како дублерки на геј-маж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Џива се најважните слики што се повторуваат во делата на Вудринг.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
“Автобиографските” приказни во Џим, обично се директни транскрипции на Вудринговите соништа, и слики од нив често се повторуваат во неговите свесно креирани приказни; исто така, тој праќа копии од страниците на својот дневник за соништа во електронскиот клуб (E-mail Dream Of The Month Club).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но постои мала група луѓе кои на бивша Југославија гледаат како на потенцијално сценарио што може да се повтори во останатиот дел на светот, особено во Русија и Европа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоа почна да се повторува во секој нов дуќан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Не може да избледи ниедно наше лето, само може да се повтори во ново руво и на друго место. Сѐ до наредните осумдесет лета.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сега влегуваме во станицата Сен-Силпис, некој покрај мене се исправа и заминува, Ана исто така останува сама пред мене, престана да гледа во чантата и на два-три пати нејзините очи расеано ме пометоа пред да се загубат во рекламата за бањското капалиште која се повторува во сите четири агли на вагонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ние употребуваме биполарни конструкти за да ги претставиме забележаните сличности и разлики меѓу настаните, и потоа да ги организираме овие репрезентации во кохерентни облици или „контексти” во чии рамки ние ќе бидеме во состојба да откриваме теми кои се повторуваат во нашето искуство со текот на времето, и потоа да ги испратиме овие репрезентации напред во форма на очекувања на идните настани.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ако и е така, не значи дека не е неизбежно, особено кога (нешто) ја има особината да се повторува во бесконечност... (еден милион прашања можат да имаат еден милион различни одговори и сите да бидат ДА) Мÿ Како ја доживуваш срединава околу себе?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Полињата кои периодично се повторуваат во Метаморфоза, како и во другите негови дела, секако содржат навестувања за бесконечното, меѓутоа постојат некои други негови цртежи каде визиите за бесконечното се уште поделирични.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ланските се повторија годинава, годинашниве ќе се повторат в година, на земјата ништо не се менуваше, освен старите што умираа, младите старееја, нови се раѓаа да поминат по истиот пат по којшто поминале нивните предци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Збогум“. Збогум, повтори во себе. неговите прсти уште еднаш го допреа млакото грло на шишето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го разбира дури другиот, нему делото му се испорачува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако нешто се повторува во мене до опседнатост, тогаш тоа е следниов парадокс: Постои единственост, но не се поврзува, и се “состои” од тоа што не се поврзува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Изразувањето е надворешен облик и, ако можам така да се изразам, телото мисли, но мислата не е сама.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Друг пат тој го зазема местото на првиот Борхес, но и го надминува: “Богот на пишувањето е значи едновремено неговиот татко, неговиот син, и тој самиот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Вашите судови го запираат телото, но душата им побегнува и спретно им се лизга низ раце.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Борхес се повторува во третиот епиграф, но не сосема, во следот Борхес-Џојс-Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Авторите ги предавате на судиите: но, мораат овие пред да осудат, да слушнат; она што од страв не било исповедано во книгата, неказнето е изречено во одбраната; она што било нејасно кажано во некој спис, така се повторува во илјада други.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа повеќе нема да се повтори во мојот живот. Тоа не доаѓаше предвид.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)