повтори (гл.) - сестра (имн.)

„Нема поголема несреќа од тоа да се надживее сопственото дете,“ повтори сестра ми Роза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стушено ја прашав: – Каде е Мајка ми? – Пациентот попладнево почина! – Каде е пациентот? – не сакав да разберам што ми вели. – Ви реков дека почина! – повтори сестрата и замина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во собата се слушаше тивкото плачење на Марта, помешано со ѕвекотот на ножот и виљушката кои се тресеа во нејзините згрчени раце и удираа од чинијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)