Су, со погледот кренат нагоре, со дланките стегнати врз шанкот, го повтори изразот во себе шепотејќи со усните, откривајќи ја убавата низа заби во устата од коишто Едо не можеше да го тргне погледот и потоа се вдаде во Еда: „Што ќе порачате?“ го праша по нашински Еда, а не Марка, како да ќе го чести.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)