повтори (гл.) - тој (зам.)

Копајте! - ја повтори тој наредбата и, потскокнувајќи, удира нога од нога, чиниш така сака најбрзо да го истера студот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Сѐ за што се грижиш си ти самиот“, повтори тој како одек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не го чувте што зборува!“ повтори тој. „Нешто не беше во ред со телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ги повтори тој два-три пати последните зборови и полека тетеравејќи се, стана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се зачудив. Владе ги знаеше и цифрите. „Пет илјади“, повтори тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По околност што некоја година престојувал во Мелбурн, зборуваше по некој збор англиски и му се стори важно со мене да зборува на тој јазик, бидејќи јас сега, поради треската, изгледав бледо и нежно, и уште свежо избричен и облечен во ново, токму како странец во Маказар. „Јес“, повтори тој, „егзектли, точно за гараж!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Решив да дојдам“, повтори тој погодувајќи една пријатна мерка во зборот, „за да разменам со тебе мисли за Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го кренав телефонот, а тоа, друг глас. Слушам, вели: Мајко, ти си? Јас молчев. Мајко, ти си?, повтори тој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А кога ѝ рекол МАЈКО - и го повторил тој збор - дури тогаш го кренала челото ничкосано врз згрчените коленици.И го здогледала.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ти не умееш, повтори тој некако победнички.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Ќе видиш“, повтори тој колку налутено и навредено, толку и предизвикувачки.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ова е неверојатно!“ повтори тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ја обикновениј дурак“ повтори тој можеби во единствена намера да го совлада срамот со кој беше исполнет до врв, „како полно шише вотка“, така самиот се изрази, и јас веќе знаев дека тој смета оти го пронашол лекот за својата болка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А замисли си што се случило. Не успеал никаде да го пронајде Штабот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)