Таа, на магичен начин, ја поврзува реалистичката постапка на Јован           Бошковски, авторот на првата збирка раскази на македонски јазик, со некаков си урбан           „фантастичен реализам” на Веспа Демонска, на пример; или, Урошевиќевата постапка           на „онеобичување” со гротескната слика на градот на Ермис Лафазановски; или,           налудничавото Скопје потонато во православна хистерија од Самураи на Славко Јаневски           со новиот сензибилитет и урбаниот пејзаж на Буде; или, лирски снажното стареење           и изумирање на нештата од расказот на Димитар Солев со осаменичкото, отуѓено и           невротично „живуркање” на студентот од Ѓон на Драги Михајловски; или, Чаршијата           од предземјотресно Скопје на Данило Коцевски со денешниот Битпазар од расказите           на Јадранка Владова; или, фактографското отсликување на личните спомени врзани за           скопското предградие на Ташко Георгиевски со александриската или „борхесовската”           постапка на ерудиција која ја негува Венко Андоновски...
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 34“
              
              (1996)