И покрај тоа што вербално не разменуваа мисли, беше јасно дека нивните души ги поврзува истата балканска потрага.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ти си можеби во право, мој Камилски, почнувајќи уште од преторијанските римски гарди составени од туѓинци, па до отоманските османските јаничари, без да ги заборавиме египетските мамелуци, па руските стрелици или современите ешалони на моќни воени организации, кои како да ги поврзува истиот дух: како да ги одржат во што подолг живот империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)