поврати (гл.) - свој (прид.)

Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Цврсто решен да го задржи своето про­фесорско место, тој започнал судски процес против државата Рајна- Вестфалија, подржан од голем број луѓе и од своите студенти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Процесот го добил дури шест години подоцна и тогаш си го повратил својот статус на професор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поинаку кажано, предавањето за него претставувало начин на заработување за живот, туку начин да се создаде дело во она особено значење кое тој самиот му го придавал на тој збор: начин да се создаде “бојсовско дело”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)