Тоа траеше еден век, а за тоа време не постоеше повеќе ништо друго, освен оние рапави, скокоткави допири, пред кои тој еднаш можеше само да ја повлече едната, а на нејзиното место да ја подаде другата рака.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шишман лизна и му го подаде на Србина. Овој одвај повлече една цела капка.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)