повлече (гл.) - паралела (имн.)

При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(17) Да му се вратиме на Leonardo и неговиот сон за релативноста на времето. Дали би можела да се повлече паралела?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се повлекуваат паралели помеѓу културно- општествените услови на епохата на Leonardo и оние од времето на Duchamp, би било залудна и премногу опсежна работа која би ги пречекорила рамките на овој текст.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)