Еднодушното решение на делегатите да ја поддржат кандидатурата на Рузвелт, кого Американците од словенско потекло го гледале како приврзаник на зацврстувањето на американско-советската соработка, претставувало најконструктивната акција на Конгресот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Пред присутните тој го прочитал писмото на Рузвелт упатено до Американците од словенско потекло, во кое тој ги повикувал да го вложат сиот свој ум во конструктивни акции за забрзување на големата задача - за што побрза победа, како претпоставка за мир на земјата и за благосостојба на народите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)