побегне (гл.) - некаде (прил.)

Во тоа време, московските интелектуалци страсно се интересираа за зен- будизмот, го читаа и препрочитуваа Карлос Кастанеда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Славчо западна во сенките на врбите и елите, зракот веќе го немаше. Побегнал некаде.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сличноста на материјалите, во овој случај, се должи помалку на непосредното влијание отколку на сличноста на процесите на авто-иден­тификација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толку многу што ми доаѓаше да побегнам некаде каде што нема никој и ништо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во тие денови сакав да побегнам некаде од куќата, сакав да отпатувам некаде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сѐ што се однесуваше на Ориентот и на магијата беше многу модерно, и тоа беше начин да се побегне некаде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)