побара (гл.) - негов (прид.)

Но во последниот момент, додека толпата сѐ уште ги приковуваше на место, нејзината рака ја побара неговата и набрзина ја стегна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше! Знаеше дека по сите марфиеви закони, по сите закони на силата на иронијата, кога ќе реши да фати некоја работа, шефот токму во тој миг ќе ги побара неговото мислење и помош.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Реакцијата на Митревски, пак, одлично покажува дека за кршењето на одредено работничко право не смее да се премолчи – без разлика дали тоа е одлука на влада, министер или било кое надредено лице во рамките на државните институции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После сето ова, тој одлучно истакнува дека правата од работен однос не можат да бидат предмет на ничии игри и тактики, и дека ако некој повторно му прекрши некое работничко право тој без двоумење би повел работен спор пред надлежен суд со цел да побара негова заштита. 66 1.  Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 10.III.2011, во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа дојде и Брзата помош сета во бело, и додека лекарот го легна Нака на троседот и го прегледуваше, сестрата ја побара неговата здравствена книшка и ја отвори торбата со инјекциите врз масичето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)