побара (гл.) - прекин (имн.)

Правата на претставниците на ра- ботниците за заштита при работа се делумно проширени во некои области, но нивните овластувања, од друга страна, се намалени со укинувањето на правото да побараат прекин на работата ако сметаат дека тоа ја загрозува безбедноста и здравјето на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Никогаш не ги заборавивме блиските и срдечни Себастијанови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пролетта 1985 година, кога Израел ќе ги бомбардира позициите на ПЛО во Тунис и седиштето на Арафат, Хабиб Бургиба, во налет на бес ќе побара прекин на дипломатските односи со САД, макар што крај својата работна маса ја држеше сликата на американскиот претседател Роналд Реган.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
4 Што се однесува до овластувањата на претставниците за безбедност и здравје при работа, новиот закон не го содржи, односно со донесувањето на новиот закон е укинато правото на претставниците на вработените надлежни за безбедност при работа да побараат прекин на работата на одделно работно место или на цел технолошки процес доколку работодавецот не преземе мерки за отстранување на дефекти и други недостатоци и појави кои непосредно ја загрозуваат безбедноста при работата (чл. 44, ЗЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)