Мурџо се вкопа на место, се согласи со мајка Перса, ама за тоа побара одобрение и од очите на мајката Пелагија и дури кога таа немушто, во себе, изговори Да ѝ веруваш, таа ќе нè чува како што нѐ чуваш и ти! и дури тогаш се врати назад и се смести пред влезната врата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Дали е вистина дека сте изведувале циркуска точка во циркусот, пред некој ден, без да побарате одобрение од училиштето?“ праша Луција. „Да“, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)