На тој збор и таа сигурно паѓа и бестелесно плови во твоите небесни очи, пиејќи ја со сласт амброзијата од твоите усни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Глетката потсеќа на оние од разгледниците, а вие замислувате како го сечете мангото на четвртинки.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Небото, езерото, тревата, патките, разните шетачи, сѐ изгледа посветло, почисто, помагично, телата и предметите обвиткани со силна светлост по рабовите, и на некој чуден начин потонати во сопствената тишина и во пределот околу нив. Како да пловат во просторот сами за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тројцата старци со слаби, тесни раменици пловат во полумракот кон прашината на градот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Среќен пат (Bon Voyage), 1944г. Авантурата на Мадагаскар (Aventure Malgache), 1944г. Опседнат (Spellbound), 1945г.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дури мислев и да се појавам како леш кој плови во близина на чамецот за спасување, но премногу се плашев да не се удавам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Како подарок донесоа дел од гнила пенушка и се згуснаа околу огнот. Наеднаш стана потопло и пошумно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги слушав гласовите и пак пловев во треска преку она село со мртви покриви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас тврдам дека патот до таинственото здание на детските сништа, кое плови во ветрова запрега, го знае само јунаков на нашава приказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Долу, под наши очи течеа бледомодрикавите или жолтозеленикавите води на реката, а ние како да се наоѓавме на катарката на бродот кој пловеше во времето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Летале над езерото, пловеле во него и птиците шатор, кречман, белец, дива патка, превез, креја, гуза, шчипче и шатка, а обично во есен пловеле и летале дивите патки во јата до сто двесте, често проближувајќи се до брегот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го гледавме како, со кормилото на чунот, вешто плови во ноќта, во пресрет на невидливата граница.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Впечаток е дека “модернистичкиот” концепт за дом како засолниште од светот се напушта за сметка на домот-свет, една холистичка структура што плови во тој информатички хаос.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)