Климент се враќаше со своите мисли во минатото и пливаше по него, како среќен рибар, кој со полн чун риби вплива по езерските далечини...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пливам по снегот, а нешто ми примирисува на диња, на кајсија, на варено овошје.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така во следната слика го наоѓаме Константин З. како плива по новиот базен на штипската бања Кежовица, борејќи се со обновеното чувство на покајување што дошол во оваа паланка и во оваа бања, обидувајќи се да го избегне подгледнувањето кон дното на новиот базен, на кое се наоѓаат големи правоаголни мермерни плочи издлабени со стотици аглести знаци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не сакам да пливам по водите на злата судбина!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)