Навечер, штом ќе зајде сонцето ( а тоа во Трново малку порано се сокрива зад високите ридишта што опкружуваат) и ќе се запалат првите светилки, во бучавоста на Јантра се создава една визија, дека на дофат на раката се испружил некој град, град кој, чиниш плива во воздухот на некој волшебен килим, град од приказните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не е доволно да согледаме дека нашето “Јас” создава јазол од меѓусебно испреплетени виртуелности, дека е ледник што плива во морето на несвесното, туку во согласност со тоа мораме и да работиме.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Прегрнување на виртуална слика на жена што плива во просторот и којашто можеме по желба да ја моделираме, со којашто можеме визуелено слободно да манипулираме, галење девојка на екранот на „подводната маска” не е тактилен однос со неа, сѐ уште не е чувствување на сите оние полови квалитети што ги дава реалното тело.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дупките од светло, како риби пливаат во аквариумот на градот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Не е доволно јасно да видиме дека нашето „Јас“ претставува некој јазол на меѓусебно преплетувачките виртуалности, дека е некаков леден брег што плива во морето на потсвесното, или компјутеризација, што го надминува нервниот систем, туку Margina #19-20 [1995] | okno.mk 113 мораме соодветно и да работиме.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Дајреџијата не го ни чу, ни виде упрекот на кафеџијата. Предаден на своите преживувања, целиот пливаше во некакво неискажливо блаженство.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Едно е да се учиш во вир, друго е да пливаш во море.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Ангелија... Седеше в претрупана полутемна одаја на железен кревет и имаше златникаво зелени очи. Ѝ го подадов писмото и се наведнав над леѓенот во чија вода некаква ситна бубачка очајнички пливаше во круг.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бавно плива во сенката што му ги зафатила рамењата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На прв ден Водици, уште во раното, го кршат мразот во Алилски Вир и во направената дупка го фрлаат крстот, кој е дрвен, лесен и кој плива во водата, за оттаму да го извади некој од младите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По толкуте прочуени води, долови, вирови, извори, бунари и чешми, човек, да си рече дека просторот што го оградуваа Потковицата плива во вода и дека е таа вистински Елдорадо на барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Што се однесува до водата, во прв ред онаа, за пиење и за потребите на домаќинствата, во Потковицата нависитна секогаш, и во најсушно лето, достатно ја има, но не и толку многу за да смее некој да ја растура, или да ја погани.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е оној стар патор, мултимилионер кој што својот базен го наполнил со зелени долари и омилена забава му е да плива во нив.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
- Тие Христоса го поделија, вели Григор, а не Македонија, Пушти и вино, Левтеријо, оти рибите поарно пливаат во вино, вели и се засмејува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Денови, кога целото племе ќе плива во бистра и чиста вода.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како да ме лазат бубачки по целата снага, во полусон посебно ги чувствувам. Како да ми пливаат во крвта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Високо, над срамежливоста на хоризонтот, пливаше во ретка разблажена крв, непознато, тромаво јато со неми клунови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бургиба пливаше во староста во плитки води. Ги одбегнуваше длабоките. Така го советуваа неговите советници.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Некаде во непосредна близина, иако не се гледаше, течеше бистар, бавен поток во кој пастрмки пливаа во вировите под врбите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Затоа, според ферманот, нему му припаѓаше сѐ околу езерото, сѐ што лета на небо, оди по земја и плива во езерото, а покрај тоа неговиот закон зафаќаше и сѐ друго поврзано со живите, избеганите робови, соколските седела, па и сите даноци, од пазарните такси, од данокот за пасење на добитокот, за лозјата, димнината, арачот и џизието, па сѐ до најомразениот од сите даноци, данокот наречен „спенча”, кој сѐ уште се плаќаше со деца, иако по разни патишта и со разни хуџети до шеријатот, одамна се бараше да се прекине со него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Анегдотата за писателот-пливач ми ја кажа Хорацио.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Писателот плива во широката река, а заедно со него пливаат и ликовите за кои тој пишува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На пример, за тоа дека повеќе сака да плива во море отколку во река.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Само до колена“, си вели и дотаму влегува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И понатаму - Градот плива во смет: валкани улици на кои се пластат слоеви од прав, фонтани што се претворени во кошници за отпадоци, зелени површини на кои од паднатото лисје и разновидните отпадоци зеленилото воопшто не се забележува, руинирани контејнери околу кои се таложи сметот, хаварисани возила - оставени како старо железо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Јас не знам да мислам. Јас сум истовремено и за и против и воздржана. (Пауза) Јас сум фетус што се прави дека е одговорен за себе. И слободно плива во тегла пред студенти по медицина.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Зениците во неговите очи пливаат во солзи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога отидов да пливам во езерото, веќе бев оддалечена од брегот, па ми текна што може да се случи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Огромна и закоравена санта мраз пливаше во мојата утроба и бев свесна дека ќе потрошам многу огрев за да се растопи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)