плете (гл.) - свој (прид.)

Зла судбина на глава ни лежи, бол и тага плетат свои мрежи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го плетеш своето секојдневие надвор од нашата приказна...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Утредента јавија дека ќерката на логотетот, секое утро се претворува во пајак грд, влакнест, и дека од креветот се искачува во аголот на собата, каде си плете своја вселена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во ноќите во кои сум копнеел по телото на Луција, не сум предвидел таков потег; имаше во тој потег нешто сосема студено, рутинско, клиширано; оној кој гледал како пајакот ја плете својата мрежа, знае дека тој тоа го прави со геометриски студена прецизност, според сосема јасната самосвест за сопствените анатомски можности.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зборовите на Додевата песна стануваа пеперуги.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)