Тој значи, Германецот, безуспешно ѝ се додворувал на некоја девојка која секоја вечер седела на балконот, плетела чорапи и уживала во убавиот поглед на езерото.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нашите пливачи - избрани и самонаречени балкански властодршци и нивните следбеници - ја заведуваат Европа која плете чорапи на балконот, и своите народи коишто изгладнети и осиромашени седат на брегот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Од твојата уста - до Господов благослов, мајко, - доречува снаата Трајаница. * * * Ѕвезда и момичките пасејќи овци и кози плетат чорапи, измислуваат разни шарки - која од која поубава.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Две налице, една наопаку, што се вели, како да плетам чорапи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зашто нема ни ситница што не би му користела а камо ли во случајот кога тој го бараше котелецот од којшто би почнал да го отплетува а потоа и плете чорапот со нова мерка и нов дизајн.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А бре, ти да не плетеш чорапи меѓу нозе, му вели и сѐ понаниско ќе му застануваат очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)