Потоа четворица мажи брзо го затрупуваат гробот и кога го извишуваат над земја со лопатите го плескаат одозгора и од страните, прават правоаголна копа од земја а врз неа сеедно и сеедно се сипа снег и завива веавицата и тажат ќерките и снаите стрико Анѓелови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)