плаќа (гл.) - свој (прид.)

Многу е пишувано за Павлос Мелас, но никаде не е напишано кога и каде водел барем една неколку минутна борба со турскиот аскер за ослободување на Македонија и никој не напишал што се случи, по неговото загинување, со неговата торба во која го имал златото со кое ги плаќал своите паликарја и кодошите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сепак, таа беше солидарна и редовно ја плаќаше својата членарина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секако, тука се патувањата, но професорите ги плаќаат своите патувања со зборови, искуство, колоквиуми, тркалезни маси, зборување, секогаш зборување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со приватизацијата на организацијата престанува да постои и синдикатот на ниво на работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Останатите деветмина работници кои се пријавија да купат удели, купија вкупно 31,5% од уделите (по 3,5% на вработен).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)