- А ти не се плашиш ли? - Па, не знам. Но сакам да видам како е горе. И да погледнам оттаму. Никој досега не погледнал...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со гумите за џвакање правевме балончиња и ги полневме со хелиум. Чекавме. Не, одложувавме. Се плашевме ли?
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Што е синко? рекол Татарот. Те плаши ли месечината во водава?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се плашеше ли таа од него? Го беше ли сонувала веќе и сега го препознаваше?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)