Мене не ми се случува ни дење да отидам в шума, а камоли ноќе и тоа сама, со едно многу мало девојче, кое не се плаши зашто не знае дека може да е навистина страшно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сестра ми се плаши зашто еднаш ќе останеше без око. Ѝ го извадивме осилото од клепката, но окото ѝ потече и две недели ѝ беше затворено.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Знаев јас, ги имав слушнато ловџиите, пријателите на моите, кога раскажуваат разни возбудливи ловечки приказни седнати крај нашиот камин и многу ми беше јасно дека е неразумно што се оддалечуваме од куќата, ама не знам зошто, сè некако го одлагав враќањето.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)