плаши (гл.) - за (предл.)

Победна покорност што го тера да го спушти мрачниот поглед, дека тој се плаши за своите очи, печален свирач, еден браток, еден синок, на самовилско оро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се плашеше за силата на неговото срце, ја вознемируваше помислата како би ја примил веста, а да не стане кобно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Покривите од неколку земјанки веќе беа пропаднати и сега луѓето се плашеа за куќите, па со качување или со предегање го чистеа снегот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Планината и целиот крај отсекогаш биле мирни од таа страна, па момчето не се плашеше за својот живот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ние повеќе се плашиме за тоа како ќе стигнеме до другиот крај.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Ако го познаваш непријателот, а се познаваш и себеси, не мораш да се плашиш за исходот на стотици битки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако се познаваш себеси, а непријателот не, при секоја победа ќе доживееш и пораз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И како што ми кажува умот, тие први ќе ни забранат да зборуваме како што зборуваме сега, вели, оти се плашат за после.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)