Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Друго што му побарав беше да се среди со земањето на даноците во нашата каза, зашто некои луѓе, реков, си го продаваат и последното нивче и добиче за да го платат данокот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со песок ќе платам данок кога ќе дојдат утре. Ајдете, ќерки.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако ме одбиеш, бак бурда - апсаната ми е полна со околу триста ѓаури: кој не платил данок, кој е робен, кој е против Мухамеда, кој колнел Турци - е па, речеш ли жне' и не ме послушаш, сите нив ќе ги пратам да веслаат на корабите, а уште толку невини кавури ќе испратам на ангарија во Мала Азија, а во нивните куќи ќе населам Турци Анадолци!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Стравот ги замрзнува срцата. Ќе се сети смртта дека на Козјак лежи такво и такво село што треба да плати данок со неколку живи жители.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Опомена. Од Судот. Не си го платил данокот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Потпиши! „Не сум писмен“. „Тури крстче!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе му сработи човекот и, се знае, пак нема да му плати данок.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Штом некој нема да си го плати данокот, тој ќе го фати и ќе го тепа се додека овој кутриот не му ветел неколку дена работа на неговиот имот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)