пишува (гл.) - и (чест.)

Интересот за философијата кај него повторно оживува кога го напушта учителското место и доаѓа во контакт со неколку членови од групата која станува позната како Виенски круг, подразбирајќи го тука и нејзиниот водач, Мориц шлик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повторно го привлекува Кембриџ, првенствено младиот брилијантен философ, Ф. П. Ремзи, кој како осумнаесетгодишник му асистира на Огден во преводот на Трактатот, пишувајќи и осврт на книгата Mind.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој, како што пишува и самиот и, како што многупати ми пишуваше и мене, сакаше да се гледа во друга, поинаква позиција, да го гледа светот од точката од која и бог нѐ гледа нас, како што велеше, или пак, што би било најточно, него да го гледаат како мал бог.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изговори зборови на решеност и, се сеќавам, уште тогаш, и зборови слични на оние за кои му замерив во едно писмо, а за што тој, еве, пишува и во ракописов, зборовите како: Не знаете вие кој сум јас!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не, премногу имав потреба да ги потврдам тие намери, како што впрочем ѝ пишував и на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За оваа работа имаат пишувано и некои историчари и го имаат објавено дури и договорот за купопродажбата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Велеа дека е во болница, и дека тоа ѝ се случило од преголема возбуда од обредот, како и поради огромниот успех на приредбата во целина, за што пишуваше и печатот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пишуваа и весниците, зборуваше и Радио Москва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од тој ден постојано пишувавме. Пишувавме в училиште, пишувавме и дома.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Секоја одвика создава нова навика.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
По навика се пишуваат и тестаменти и се фрлаат в море во затворено шише.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)