пишува (гл.) - долг (прид.)

Некои Бугари пишуваа долги писма и ги навредуваа Србите: како сега се вратиле од Србија и ги виделе нивните невести; со нив јаделе и пиеле, та дури и спиеле; како тие таму кркаат и беснат со Германците и со нив — Бугарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овде се плаќаат големи пари, се пишуваат долги рецензии, многу се ракоплеска и ретко се бара тишина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нејзиниот пријател, борбениот архитект, ѝ вели: - Треба да пишуваш долги писма! И тоа не само на еден!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога го читаше Бајрон почна да накривува, после Бодлер ја обои косата во зелено, а средбата со загадочните Франц толку го потресе, што веднаш на Вера својата платонска љубов од женската гимназија, отпочна да ѝ пишува долги писма, насловени со „Милена“!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Над неговите порти, како во Ермитаж кај Лентовски, пишува: “ Сатира и морал”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)