пика (гл.) - глава (имн.)

Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Креваше на шишето, ја пикаше главата меѓу решетките да го баци Анка, и неможејќи - само го жулкаше по раката, го милуваше; Анко му го чувствуваше треперењето на раката која сѐ повеќе стануваше потопла; татко му отпивнуваше и сѐ така со жулкање по раката, а во очите му најадруваа солзи од милина, од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Удирал и не броел. И не гледал каде паѓа изделканата јасенова гранка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Немој, викал другиот и сѐ повеќе ја пикал главата во кожите. - Јаков ќе е татко и на деветто дете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ја купив кога го бодев со кол Турчинот што нè стрелаше кога го закопувавме Дмитар-Пејко, кога ти ја пикаше главата во камења. А ако некој од нас ја зел...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Впрочем, раскажи ни на каков пазар ја купи таа огњарка.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од црвените довлечка дури две преполни кофи со вода за да му ја пикаат главата во нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие наближуваат, штрапнелите фрчат низ шумата, се цепат дрвјата, а ние ги пикаме главите в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кучињата гледаат, копаат земја и ги пикаат главите во дупките. Се ладат. Кутри кучиња, што дочекаа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)