пие (гл.) - повеќе (прил.)

Брат ми си ги бришеше со марамче повраќаниците околу устата; доктор Гете продолжи: „А за изборот на костимот можам само да ве пофалам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Кога реков да им се служи алкохол само на посетителите, не претпоставував дека ќе пијат повеќе отколку што би пиеле лудите, доколку им беше дозволено!,“ рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)