Работи кои немаат име      Работи за кои паѓа криво  што кога ти е убаво тоа трае кратко; што никогаш нема да има улица со твое име; што на човек со сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш; што некој не знаел да земе од тебе; што "умре тоа време", а и ова богами не се чувствува баш добро; што колку и да се трудиш, некои луѓе и понатаму ќе мислат дека си лош човек; што како и да го вртиш светот е мрачно место; што не е онака како што ти велеле дека ќе биде. што веќе ништо нема да биде како што беше.
               
             
           
            
            
              „Сонце во тегла“
               од Илина Јакимовска 
              (2009)